Во текот на изминатите три дена (7-9 октомври 2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пак, дополнително се пријавени четири починати лица
Во последните три дена (7-9 октомври) направени се 871 тест, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19, од кои 18 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Регистриран e 161 оздравен пациент од: Скопје – 116, Битола – 7, Куманово, Прилеп и Кичево – по 4, Велес, Охрид, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 3, Тетово, Штип, Гевгелија и Берово – по 2, Струмица, Гостивар и Виница – по 1.
Во текот на изминатите три дена (7-9 октомври 2022) не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени четири починати лица, од Скопје (96 г, 80 г и 73 г) и од Кавадарци (58 г). Од пријавените лица, три се починати во домашни, а едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 14 септември до 6 октомври 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 174 086 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 391, бројот на оздравени пациенти е 333 504, на починати е 9 548, а бројот на активни случаи изнесува 339.