Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98, се зголемува за 2,00 ден./литар и ќе се продава по цена од 91 ден./литар
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од утре малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95 и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 2,50 ден./литар и ќе се продава по цена од 89 ден./литар. Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98, се зголемува за 2 ден./литар и ќе се продава по цена од 91 ден./литар.
Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V), се зголемува за 3 денари и ќе чини 100,50 ден./литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,668 ден./кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 51,920 ден./кг.
