Доколку се постигне решение, од компанијата додаваат дека иако на нивна финансиска штета од 550 илјади евра, подготвени се да пријдат кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализирање на сите потребни услови за купопродажба
Доколку, пак, не се најде решение по овие прашања, велат од „Адора“, Владата има можност да ги употреби соодветните членови од законите за енергетика и справување со кризи, со цел да ги користи топланите без наша согласност кое би значело директна повреда врз правото на сопственост
Доколку се изнајде модел за да се подмират побарувањата на „Адора инженеринг“ во чија сопственост се топланите „Исток“ и „Запад“, компанијата е согласна да се премине кон краткорочен договор за закуп со АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) до моментот на реализација на сите потребни услови за купопродажба.
„Во текот на вчерашниот и денешниот ден имавме опсежни состаноци со РКЕ, ЕСМ и БЕГ, каде што сите страни ги препознаваат ненаплатените побарувања кои законски ни следуваат, односно долгови кон ‘Адора’ за изминатиот период. Договорено е РКЕ, ЕСМ и БЕГ да изнајдат модел во кој, во овој момент ќе се намират побарувањата кон ‘Адора’ со цел да стапиме кон регулирање на идните односи за топланите со АД ЕСМ“,
се вели во соопштението на компанијата.
Доколку се постигне решение, од компанијата додаваат дека иако на нивна финансиска штета од 550 илјади евра, подготвени се да пријдат кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализирање на сите потребни услови за купопродажба.
Доколку, пак, не се најде решение по овие прашања, велат од „Адора“, Владата има можност да ги употреби соодветните членови од законите за енергетика и справување со кризи, со цел да ги користи топланите без наша согласност кое би значело директна повреда врз правото на сопственост.
„Барањата на ‘Адора’ се разумни и имаат егзестенцијално значење за нашата компанија, но уште повеќе разбираме дека граѓаните на град Скопје немаат никаква вина во овие системски пропусти и недоследности, и на ниту еден начин нема да бидеме пречка за граѓаните на град Скопје да имаат парно греење“,
велат од компанијата.
Од ноември лани досега, додаваат оттаму, имаат испратено 19 дописи до РКЕ, 10 дописи до АД ЕСМ и четири дописи до Владата во врска со проблематиката со производство на топлинска енергија.