Дирекцијата за заштита и спасување од синоќа е мобилизирана во кризните подрачја Дебар и Центар Жупа.

Екипите се ангажирани во внатрешноста на кризното подрачје, а ќе делуваат и на двата контролни пунктови каде се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови, како и другите возила кои со посебна дозвола се движат во кризното подрачје.



Дирекцијата за заштита и спасување апелира да се почитуваат мерките донесени од страна на Владата поради лична заштита и заштита на целото население.