Ситуацијата со коронавирусот и апелите на надлежните институции да се почитуваат мерките за превенција, како да не допираат до тетовци.
Низ улиците на Тетово денеска беше видлив вообичаен метеж од возила, а голем број граѓани беа излезени на прошетка и кафе во градот.
Од фотографиите на „360 степени“ може да се забележи дека коронавирусот не ја промени стандардната викенд-шема во Тетово.








