Скопје останува на неславниот врв – од 855 новозаразени, 347 се во главниот град. Од 5 169 моментално позитивни на ковид-19, 2 226 се во Скопје
Министерот за здравство, Беким Сали, денеска апелираше хронично болните да се вакцинираат со четврта доза доколку веќе примиле трета, а до лицата кои се тестираат дома со брзи тестови побара да се самоизолираат најмалку три дена
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие има нови 855 случаи на ковид-19, од вкупно направени 1 602 тестирања, што значи повеќе од половина од тестираните се позитивни.
Од новите 855 случаи, 189 се реинфекции.
Најмногу новозаразени има во Скопје – 347, следна е Битола – 77, во Куманово има 55 нови случаи, Тетово – 45, во Прилеп – 43, Кавадарци – 38, Велес, Охрид и Штип – по 26, Струмица – 25, Кичево – 22, Гостивар – 17, Свети Николе – 14, Кратово – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Крива Паланка и Демир Хисар – по 7, Ресен, Радовиш , Берово и Валандово – по 6, Струга – 5, Дебар и Виница – по 3, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Капија – 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Битола (85г) и Кочани (71г). Двете лица се починати во болнички услови, лицата за починати се пријавени во период од 22.07-27.07.2022 година.
Скопје останува на врвот по бројот на активни случаи. Од 5 169 моментално позитивни на ковид-19, 2 226 се во Скопје.