Европа оваа недела се соочува со незапаметени високи температури, а топлотниот бран предизвика голем број пожари во Франција, Шпанија, Португалија, Италија и Грција. Францускиот претседател Емануел Макрон повика на формирање на европска флота на противпожарни авиони
Вкупно 30 македонски војници, хеликоптер и посада ќе ѝ помагаат на Грција во справувањето со шумските пожари. Ваква одлука денеска во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката со Грција донесе Владата на Северна Македонија.
„Се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење на пожар. Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.“,
велат од владината прес-служба.
Европа оваа недела се соочува со незапаметени високи температури, а топлотниот бран предизвика голем број пожари во Франција, Шпанија, Португалија, Италија и Грција. Францускиот претседател Емануел Макрон повика на формирање на европска флота на противпожарни авиони.
