Владината седница доаѓа откако парламентот со 68 гласа „за“ и ниту еден „против“ ги усвои заклучоците за францускиот предлог
Во 16 часот попладнево во Владата започна седница, а околу 17 часот се очекува премиерот Димитар Ковачевски да одржи и прес-конференција.
Во соопштението од владината прес-служба не се наведува темата на седницата, но нејзиното одржување доаѓа само неколку часа откако Собранието денеска ги усвои заклучоците за Информацијата за предлог-преговарачката рамка со Европската Унија (ЕУ).
Заклучоците пратениците ги изгласаа со 68 гласа „за“ и ниту еден „против“, а нив претходно како предлог ги доставија координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, Јован Митревски и Арбр Адеми. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата пред гласањето.
*Поврзани вести:
- Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата
- Интегрално заклучоците за францускиот предлог што ги усвои Собранието
- Брисел го поздравува исходот во Собранието – за идната недела најавува одржување на првата Меѓувладина конференција
- Блинкен ја поздрави одлуката на пратениците: Ова доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа
- Ковачевски упати честитки: Нема поголем патртиотизам од поддршката за просперитет на земјата
- Ахмети: Денеска победи Европска Македонија и прогресивните сили во земјата
- Маричиќ: Достоинствено, одговорно и мудро денес правиме чекор кон ЕУ