И Ковачевски и Вучиќ претходно се огласија за разговорот што го имале денеска наутро и најавија дека по интерните консултации утре ќе објават дали воопшто ќе патуваат во Брисел
И премиерот на Албанија, Еди Рама, го доведе во прашање учеството на Албанија на Самитот на Европската Унија што ќе се одржи на 23 и 24 јуни во Брисел.
Исто како и премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ, и Рама се огласи на социјалните мрежи за разговор што го имале тројцата за (не)учеството на претстојниот Самит.
Во објавата на Твитер, Рама вели дека гледа уште едно „не“ на крајот од Самитот.
Засега не се знае дали е ова потврда дека нема да присуствува, но на крајот пишува „Што да се прави таму“.
„Денеска нашироко разговаравме со лидерите на Србија и на Северна Македонија за претстојниот Самит на ЕУ. Се чини дека уште едно ‘не, извинете!’ ќе биде она што ќе го слушнеме на крајот! Целата Унија, која е киднапирана од Бугарија, не е добар спектакл за гледање! Што да се прави таму?!“,
напиша Рама.

И Ковачевски и Вучиќ претходно се огласија за разговорот што го имале денеска наутро и најавија дека по интерните консултации утре ќе објават дали воопшто ќе патуваат во Брисел.