Јасно е дека тој не може да придвижи ништо напред за напредокот на Северна Македонија и Албанија, смета поранешниот бугарски премиер
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, е убеден дека актуелниот премиер Кирил Петков не е во состојба да го реши билатералниот спор помеѓу властите во Софија и Скопје, јавува БГНЕС.
Тој го обвинува Петков за подлост и дека се обидува нешто тајно да договори, а потоа да излезе дека парламентот одлучил.
„До ден денес јасно е дека Петков не може да придвижи ништо што е поврзано со напредок за Северна Македонија и Албанија“,
вели Борисов.
Изјавата на лидерот на ГЕРБ доаѓа по повод најновиот развој на настаните околу бугарското вето и предлогот од француското претседателство за решение на спорот и за преговарачката рамка за Северна Македонија. Предлогот, за потсетувања, бугарскиот премиер Петков рече дека не го прочитал и го испрати до Комисијата за надворешна политика во Народното собрание. Петков порача дека на Самитот во Брисел следната недела нема да оди со став на владата туку со одлука на парламентот. Меѓутоа, со оглед дека Самитот во Брисел е во четврток и петок, тој рече и оти не верува дека до среда ќе има собраниска дебата во Бугарија за Северна Македонија.
Photo: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL