И покрај противењето на Турција, шефот на Алијансата нагласи дека верува во „брза одлука“ за прием на двете земји во НАТО
Не е невообичаено членките на НАТО да имаат различни мислења, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, мислејќи на противењето на Турција да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО.
Тој вели дека Алијансата има големо искуство со ситуации кога има различни мислења и во такви случаи се седнува и се наоѓа решение.
„Ние сме во близок контакт со Финска, Шведска и Турција. Работиме на причините за загриженоста изразена од Турција“,
додаде тој.
Столтенберг нагласи дека верува во „брза одлука“ за прием на двете земји во НАТО.
Шведска и Финска во средата ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО. Турција се спротивстави, обвинувајќи ги дека двете земји дека кријат и финансираат „терористи“, како и дека ги снабдуваат со оружје, зборувајќи за милитантната Курдската работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција (ИПГ), за кои тврди дека се тесно поврзани.
Photo: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ