Двете држави денеска официјално ги поднесоа нивните барања за влез во Алијансата
Владата денеска одржала вонредна седница на која донела одлука да го овласти постојниот претставник на Северна Македонија во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Шведска и Финска во НАТО, соопштија од владината прес-службата.
Двете држави денеска официјално ги поднесоа нивните барања за влез во Алијансата откако по руската инвазија на Украина дојде до пресврт во нивната надворешно-безбедносна политика.
Меѓутоа, Турција се закани дека ќе стави вето на нивниот прием, а за да го промени ставот во понеделник се очекува претставници на Шведска и Финска да заминат во Анкара на разговори со турскиот државен врв.
Исто така, на нивен прием во алијансата се спротивстави и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, наспроти владата која го поддржува влезот.