Лидерите на Шведска и Финска денеска ги предадоа барањата за членство во НАТО, а за в четврток е најавен нивен состанок со Џозеф Бајден во Белата куќа, пренесуваат повеќе светски медиуми.
Процесот за пристапување во НАТО-алијансата може да трае и до една година, а на тој пат стои и Турција која е против членството на Шведска и Финска.
Претставниците на овие држави во понеделник одат во Анкара, со цел да влијаат на промената на ставот на Турција.
Претседателот на Финска, Саул Нинисте, пред три дена официјално потврди дека оваа држава има за цел да му се приклучи на НАТО, додека Шведска вчера потпиша официјално барање за членство.