Маск веќе со денови изразува сомнеж за податоците на мрежата дека само 5% од корисниците се ботови или лажни профили
Илон Маск кој е блиску до купување на социјалната мрежа Твитер денеска почна да се исмева со податоците на компанијата за бројот на ботови на неговата мрежа.
Маск на Твитер објави анкета:
„Твитер тврди дека 95% од онлајн корисниците се вистински профили и вистински луѓе. Дали некој друг има такви искуства?“,
напиша во твитот и понуди како одговор понуди две емоџи кои плачеа од смеење и одговор: „Кој? Јас? со емотикон на робот, алудирајќи на огромниот број ботови на мрежата.
Twitter claims that >95% of daily active users are real, unique humans. Does anyone have that experience?
— Elon Musk (@elonmusk) May 17, 2022
Речиси половина од луѓето одговориле со бот.
Маск веќе со денови изразува сомнеж за податоците на мрежата дека само 5% од корисниците се ботови или лажни профили.
Таа информација влијаеше и на цената на договорот, па Маск посочи дека ќе ја намали понудата за која ја купува мрежата бидејќи е „во многу полоша состојба отколку што тврдеа нејзините официјални лица“.