Шведска денеска и официјално објави дека е поднесена апликација за членство на земјата во Алијансата, додека во Финска денеска ќе се гласа за тоа
Европскиот совет силно ги поддржува барањата на Шведска и Финска за приклучување во НАТО, соопшти денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
„Тие ќе имаат силна поддршка, сигурен сум, од сите земји членки, бидејќи со тоа се зголемува нашето единство и тоа нè зајакнува“,
рекол Борел за новинарите воочи состанокот на Европскиот совет за одбрана во Брисел.
Тој додал и дека се надева оти НАТО ќе успее да ги надмине приговорите на Турција поради потенцијалното членство на овие држави, пренесува Си-ен-ен.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно рече дека неговата земја нема да дозволи приклучување на Финска и Шведска во НАТО.
Анкара тврди дека Шведска и Финска нудат засолниште за лица што се поврзани со терористички групи, односно со Работничката партија на Курдите и поддржувачите на Фетулах Ѓулен, кој Турција го обвинува дека стои зад обидот за пуч од 2016 година.
Шведска денеска и официјално објави дека е поднесена апликација за членство на земјата во Алијансата, додека во Финска денеска ќе се гласа за тоа.