Поддржувачите на ВМРО, меѓу кои и многу од најистакнатите личности на партијата, чекале да започне предавањето, пред еден од организаторите излезе да најави на говорницата дека истото нема да се одржи
Поддржувачи и симпатизери на ВМРО-БНД и други граѓански организации не дозволија да се одржи предавањето на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство (КБМП) во Софија, кој го карактеризираат како „македонистички настан“, пренесе БГНЕС.
Предавањето требаше да се одржи во Централниот воен клуб. Како говорници беа најавени поранешниот премиер на РСМ Љубчо Георгиевски и доц.д-р Стефан Дечев, кои се основачи на КБМП.
Поддржувачите на ВМРО-БНД, предводени од еден од тројцата копретседавачи на партијата Ангел Џамбаски, решија да присуствуваат на предавањето на тема „Бугарско-македонските односи 2017-2022 година – проблеми, достигнувања, неуспеси и перспективи“.
Како што пишува БГНЕС, тие влегле во Централниот воен клуб и покрај обидите да не бидат пуштени, иако предавањето било отворено за јавноста.
Поддржувачите на ВМРО, меѓу кои и многу од најистакнатите личности на партијата, чекале да започне предавањето, пред еден од организаторите излезе да најави на говорницата дека истото нема да се одржи. По 15-тина минути сите излегле на влезот каде била сведоци на размена на реплики помеѓу Ангел Џамбаски и Дечев.
Според овие информации, Џамбаски го прашал дали Дечев знае дека во РСМ сè уште се прогонуваат македонски државјани со бугарски идентитет и дали смета дека тоа е нормална европска практика, бидејќи, според него, „РСМ продолжува да ги крши копенхашките критериуми“,
Откако настанот на КБМП не успеа, групата предводена од Дечев и Љубчо Георгиевски и Мартин Заимов, се преселила во близина на градинката „Кристал“, но и покрај тоа предавањето не се одржа.