На состанокот е поканет делот од сложувалката што недостасува за да биде Европа целосна, вели министерот Османи пред почетокот на Советот за надворешна политика на ЕУ, на кои покрај од земјите-членки присуствуваат и шефовите на дипломатиите од Западен Балкан
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, во Брисел присуствува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, заедно со останатите министри од Западен Балкан, од каде порача дека е поканет делот кој недостасува за Европа да биде целосна.
Северна Македонија, вели Османи, во целост ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со таа на ЕУ.
„Најпрво би сакал да му се заблагодарам на високиот претставник Борел што не покани денеска на состанокот на СНР, за првпат заедно со министрите за надворешни работи во формат Б6. Се надевам дека се воспоставува нова практика која ќе биде од корист за двете страни – за ЕУ и за Западен Балкан. Едноставно, мислам дека на состанокот на СНР е поканет делот од сложувалката што недостасува за да биде Европа целосна. Времето е важно да разговараме за нашата заедничка позиција за осуда на руската агресија врз Украина и покажаната солидарност кон Украина. Северна Македонија недвосмислено ја поддржува Украина и нејзиниот народ. Ја усогласивме нашата надворешна безбедносна политика 100 отсто со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и мислам дека заедно сме посилни во осудата на руската агреисја и солидарност со Украина“,
вели Османи во изјавата пред состанокот.