Неопходно е да се постигне напредок во пристапните процеси на Западен Балкан. Сите одлуки на ЕУ во таа насока мора да се донесат итно, порача еврокомесарот за проширување
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји го поздрави денешното присуство на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан на состанокот на Советот на ЕУ, со порака дека регионот е стратегиски приоритет за ЕУ.
„Политиката за проширување на ЕУ е единствената гаранција за мир, стабилност и просперитет во регионот. Неопходно е да се постигне напредок во пристапните процеси на Западен Балкан. Сите одлуки на ЕУ во таа насока мора да се донесат итно“,
напиша Вархеји на својот твитер-профил.
Вархеји заедно со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, присуствува на денешниот заеднички состанок во Брисел на 27-те министри за надворешни работи на ЕУ и шесторката од Западен Балкан.
Photo: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL