„АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!“; „Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – на лагата ѝ се куси нозете, а долги опашките“; „Путин ја ослободува Украина од фашизмот – отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат“; „Се градат кампови за во Македонија да населат стотици илјади мигранти – проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели“ – се дел од пораките на герила- акцијата „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“
Во Скопје денеска повторно се појавија макети на кои се претставени луѓе со транспаренти каде што се испишани пораки од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во земјава.
„’АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!’; ‘Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – на лагата ѝ се куси нозете, а долги опашките’; ‘Путин ја ослободува Украина од фашизмот – отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат’; ‘Се градат кампови за во Македонија да населат стотици илјади мигранти – проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели’“,
се дел од пораките на герила-акцијата „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“.








Вчера на повеќе локации низ Скопје анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени истите овие пораки кои и денеска беа испишани, што упатува на тоа дека се работи за ист организатор.