Словенија беше една од ретките земји во регионов која немаше случај на заразен од коронавирусот, но во последниве 24 часа ситуацијата се промени.
Здравствените власти во Словенија соопштија дека е потврден и третиот случај на лице заразено со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Станува збор за маж кој бил во близок контакт со првозаразениот. Заедно биле на патување во Мароко, а преку Италија заедно се вратиле во Словенија. Според лекарите на инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, пациентот засега е во добра состојба и нема клинички знаци на болеста.
Сите оние кои изминативе денови биле во контакт со заразените се веќе изолирани. Бидејќи лицето од Италија до Словенија престигнало со автобус, 19 луѓе кои биле патници во истиот автобус се јавиле за проверка дали се заразени со Ковид-19.
За првиот заразен пациент во Словенија, вчера информираше премиерот во оставка Марјан Шарец.
*ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Заболената од коронавирус кај нас, денеска е негативна на контролниот тест
Двајцата туристи што беа изолирани во хотел во Скопје немаат коронавирус
Два случаи на коронавирус во Бања Лука – заразено е дете
Италија ги затвора сите училишта и факултети поради коронавирусот
Исланд ќе казнува со затвор, ако не се почитува карантинот за коронавирусот