Училиштето во кое учи детето ќе биде затворено до понеделник за да се направи дезинфекција на објектот, а сите деца ќе бидат тестирани
Во Бања Лука се потврдени два случаи на инфекција со новиот коронавирус, потврди министерот за здравство на Република Српска, Ален Шераниќ.
Се работи за работник од Италија и неговото дете.
Таткото и детето, кои сами се пријавиле за да бидат тестирани, имаат благи симптоми и се чувствуваат добро, додека резултатите за мајката се негативни.
Градоначалникот на Бања Лука, Игор Радојчиќ, изјави дека училиштето во кое учи детето ќе биде затворено до понеделник за да се направи дезинфекција на објектот.
Институтот за јавно здравје и Здравствениот дом денеска ќе ги тестираат децата од ова училиште.