Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез, соопшти дека нападнатите жени се на возраст од 19, 24 и 36 години. Две од нив се тешко ранети
Француската полиција денеска приведе маж кој со два кујнски ножа нападна три жени во Париз.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез, соопшти дека нападнатите жени се на возраст од 19, 24 и 36 години. Две од нив се тешко ранети. Инцидентот се случил во областа Порт де Клиши – клучна транспортна крстосница во северозападниот дел на Париз. Откако ги нападнал, мажот потоа бил соборен од случајни минувачи, пред да биде приведен од полицаец кој во моментот не бил на должност.
На видеоснимка објавена на социјалните мрежи, чија автентичност ја потврди Ројтерс, прикажан е напаѓачот како со два големи ножа во рацете се обидува да нападне млада жена. Не е јасно дали жената од видеото е една од повредените. Потоа се гледа како напаѓачот лежи на земја, опкружен со група луѓе што успеале да го соборат.
‼️🇫🇷 𝗔𝗟𝗘𝗥𝗧𝗘 𝗜𝗡𝗙𝗢 — « C’est Allah qui me l’a ordonné » : Une ATTAQUE AU COUTEAU vient d’avoir lieu à Paris, aux alentours de la place de Clichy.
— Bastion (@BastionMediaFR) July 27, 2026
Un individu a poignardé 3 femmes, dont l’une serait enceinte. L’une des victimes est en URGENCE ABSOLUE.
Les victimes ont… pic.twitter.com/kjbPpBDOlT
Мотивот за нападот останува непознат, а францускиот обвинител задолжен за случаи на тероризам е во процес на проценка дали да отвори истрага.
