На учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш првата дестинација вечерва им е населбата Долно Лисиче по што утре ќе го продолжат патот кон Петровец и Велес. Претходно продефилираа низ Општина Аеродром. На 31 јули коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство

Дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во скопската населба Горно Лисиче беше местото на кое околу 40 коњаници и коњанички попладнево тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на празникот Илинден и на македонските херои.
На учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш првата дестинација вечерва им е населбата Долно Лисиче по што утре ќе го продолжат патот кон Петровец и Велес. Претходно продефилираа низ Општина Аеродром.

На 31 јули коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.
Коњаниците и коњаничките треба да стигнат до својата крајна цел – историскиот град Крушево каде на 2 Август – Илинден, ќе се одржи централната прослава за големиот празник.
