Мерките за посебен сообраќаен режим кои утре ќе бидат спроведени во главниот град се поради одржување на триатлонскиот натпревар „Триоги триатлон“, информираат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот
Утре, 14 мај, во периодот од 9:00 до 12:00 часот, по одредени сообраќајници во Скопје ќе важат мерки за посебен сообраќаен режим поради одржување на триатлонскиот натпревар „Триоги триатлон“, информира МВР.
„Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар ‘Борис Трајковски’, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ ‘Борис Трајковски’ и по десната коловозна лента од бул.’Илинден’, потоа на потегот од крстосницата на бул. ‘8 Септември’ до крстосницата со ул. ’Љубљанска’ и обратно“,
известуваат од МВР.
Од тие причини, посочуваат од Министерството, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
„Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот“,
апелираат од МВР.