На средбата, како што посочија од кабинетот на претседателот Пендаровски, се разговарало за актуелностите поврзани со решавањето на статусот на МПЦ-ОА и надминувањето на црковниот спор. Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, го информирал Пендаровски за наредните чекори во процесот на целосно заокружување на автокефалноста на МПЦ-ОА, за што и двајцата се согласиле оти е од врвен национален интерес

Шефот на државата Стево Пендаровски одржа средба со поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.
На средбата, како што посочија од кабинетот на претседателот Пендаровски, се разговарало за актуелностите поврзани со решавањето на статусот на МПЦ-ОА и надминувањето на црковниот спор.
„Претседателот Пендаровски уште еднаш изрази честитки за признавањето на каноничноста на нашата црква од страна на Вселенската патријаршија, со што се отвора просторот за градење духовно единство со православниот свет и го оцени чинот како признание за нејзиниот историски континуитет со древната Охридска архиепископија“,
стои во соопштението на кабинетот на претседателот.
Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, го информирал Пендаровски за наредните чекори во процесот на целосно заокружување на автокефалноста на МПЦ-ОА, за што и двајцата се согласиле оти е од врвен национален интерес.