Русија во знак на протест одлучи да не учествува на денешната седница
Советот за човекови права при Обединетите нации усвои резолуција со која почнува истрага дали во Украина имало воени злосторства од страна на руските сили.
Резолуцијата беше усвоена со 33 гласа „за“, два „против“ и 12 „воздржани“. Усвојувањето значи дека ѝ се наложува на истражната комисија да ги испита настаните околу Киев и другите области, како Суми, кои беа под привремена контрола на руски војници.
Двете земји кои гласаа „против“ беа Кина и Еритреја.
Русија неодамна беше исклучена од Советот, со можност да присуствува на седницата како набљудувач, но – во знак на протест поради резолуцијата, за која тврди дека е политички реваншизам – одлучи да не учествува на денешната седница.
Photo: EPA-EFE/MIKHAIL PALINCHAK ATTENTION: GRAPHIC CONTENT