Станува збор за трудница кај која лекарите утврдија дека фетусот има голем тумор на мозокот, а прогнозата беше дека или ќе умре во утробата или ќе се роди бебе со тешки болести и „ќе биде како растение“. Чавајда била и на приватен преглед, каде била користена софистицирана дијагностика, по што ѝ било кажано дека нема спас за плодот, по што одлучила да ја прекине бременоста. Меѓутоа, кога се обиде, тоа не можеше да го направи во хрватските болници

Случајот со трудницата Мирела Чавајда во Хрватска, која не можеше да ја прекине бременоста во хрватските болници, ги крена тамошните граѓани на протести низ повеќе градови.
Под мотото „Доста е! Уништување на јавното здравје и занемарување на здравјето на жените!“, Хрвати протестираа за поддршка на Чавајда во Загреб, но и во Пула, Сисак, Риека, Сплит, Шибеник, Осиек, Задар и Корчула. Протестите во сите градови започнаа во 18 часот.

„Доста е со уништување на јавното здравје и загрозување на животот на жените, многу лаги, изговори и манипулации, многу злоупотреби, малтретирање и тортура, многу политички игри на сметка на жените“,
рече Лана Бобиќ, една од организаторите на протестот.
Протестите се одржаа не само во знак на солидарност со Чавајда, туку и со сите жени на кои им бил ускратен законски гарантираниот абортус и други форми на здравствена заштита во Хрватска.

Претставниците на здруженијата на граѓани кои го организираа протестот во своите говори ги изнесоа и своите барања до Владата и Министерството за здравство, како што се итно донесување на упатства и протоколи кои го гарантираат правото на абортус, објавување на регистар и податоци за капацитетите на здравствените установи за пружање на ваква услува, но и враќање на правото на абортус во хрватскиот Устав. Исто така, демонстрантите побараа и оставка од министерот Вили Берош.
Меѓутоа, во Загреб се одржаа и контрапротест.
„Овој свет е во тежок мрак и ова е показател за времето во кое живееме. Живееме во последните времиња, во последните денови. Тоа се знаци дека овој свет нема долго да трае затоа што се промовираат сите извртени вредности“,
рече во обраќањето еден од учесниците на контрапротестот.
Мирела Чавајда, речиси еден месец се обидуваше да ја прекине бременоста во Хрватска, а поради тоа што од болниците ѝ рекле дека не може да направат ваква процедура, таа јавно прозборе и кажа дека планира тоа да го направи во соседна Словенија. Меѓутоа, по нејзините јавни настапи и реакциите од јавноста, второстепената комисија во загрепскиот клинички центар донесе одлука со која ѝ овозможи прекин на бременоста.
Станува збор за случај во кој пред околу три недели, лекарите утврдија дека фетусот има голем тумор на мозокот, а прогнозата беше дека или ќе умре во утробата или ќе се роди бебе со тешки болести и „ќе биде како растение“. Чавајда била и на приватен преглед, каде била користена софистицирана дијагностика, по што ѝ било кажано дека нема спас за плодот, па одлучила да ја прекине бременоста. Но, кога се обидела да го направи тоа советот што го добила од неколку државни болници и рекле: „Жал ни е, ништо не можеме да направиме, најдобро е да одите во Словенија“.