Ова кусо за МИА во Брисел го изјави портпаролката во Европската комисија Ана Писонеро како одговор на прашање за последните инциденти во Собранието и „активната блокада“ од страна на опозицијата
Европската комисија ги повика сите партиите во Собранието да се однесуваат конструктивно.
Ова кусо за МИА во Брисел го изјави портпаролката во Европската комисија Ана Писонеро како одговор на прашање за последните инциденти во Собранието и активната блокада од страна на опозицијата.
„Ги повикуваме сите политички сили во парламентот да работат заедно и конструктивно за да ги унапредат реформите поврзани со ЕУ во интерес на граѓаните“,
изјави Писонеро.
Опозицијата во вторникот почна со, како што ја нарекоа, „активна блокада на Собранието“, која, според најавите, ќе трае се до „постигнување договор за датум за предвремени парламентарни избори“.
Изминатите денови за време на собраниските седници неколкупати дојде до вербални судири меѓу пратениците, додека оние од ВМРО-ДПМНЕ во салата носат транспаренти.