Според германскиот канцелар, Москва „ќе мора да постигне договор со Украина“
Санкциите против Русија можат да бидат укинати само откако ќе се постигне договор меѓу Москва и Киев, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за магазинот „Штерн“.
Според германскиот канцелар, Москва „ќе мора да постигне договор со Украина“, додавајќи дека сојузниците имаат намера и ќе можат да ги укинат санкциите од ЕУ дури по договор меѓу Русија со Украина“.
Претходно, кабинетот на германскиот претседател соопшти дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го поканил германскиот канцелар и претседател Франк-Валтер Штајнмаер да го посети, три недели откако Штајнмаер беше одбиен од Киев.
Зеленски ја упатил поканата за време на денешниот телефонски разговор со Штајнмаер, изјави за АФП извор од кабинетот на претседателот.
За време на разговорот, „недоразбирањата од минатото се расчистени“, а Штајнмаер ја изрази својата „солидарност, почит и поддршка“ за Украина, се вели во соопштението од кабинетот.