Во градот пријавени се повеќе оштетувања на семејни куќи, но и на други објекти како училишта и здравствени установи
Утре во градот Столац во Босна и Херцеговина ќе биде ден на жалост по силниот земјотрес кој се случи синоќа и однесе една жртва. При земјотресот голема карпа падна над семејната куќа каде живеела 28-годишната девојка Елмира Сефо. Од падот на карпата биле повредени сите членови на семејството, а најтешко младата Елмира која им подлегна на повредите откако беше пренесена во болницата во Мостар. Утре ќе биде и нејзиниот погреб.
Најсилниот земјотрес се случи синоќа во 23:08 часот, а во текот на ноќта потоа имаше и 30-тина послаби на територијата на БиХ.
„Иако се надевавме дека после земјотресот штетата ќе биде само материјална, разорната сила што ја имаше тој однесе и еден човечки живот“,
вели градоначалникот на Столац, Стјепан Бошковиќ.
Кај тамошните власти, како што пренесуваат босанските медиуми, пријавени се повеќе оштетувања на семејни куќи, но и на други објекти како училишта и здравствени установи.