На социјалните мрежи се појавија и првите снимки од земјотресот со јачина од 5,7 степени кој вечерва ја погоди Босна и Херцеговина, а чиј епицентар е регистриран на 42 километри од градот Мостар.
Првите материјални штети од земјотресот се гледаат на фотографиите кои ги објави „Дневни Аваз“. На фотографиите е прикажана улица во близина на Народниот театар во Мостар, а на која се гледаат паднати цигли и ќерамиди од околните згради.
Како што јавуваат босанските медиуми, земјотресот предзвикал вознемиреност кај граѓаните во повеќе градови во земјата поради што има зголемена фреквенција на луѓе по улиците.
🔺POTRESNI PRIZORI / Vidljiva oštećenja: Pogledajte trenutno stanje u Mostaru nakon snažnog zemljotresa ⤵️ #Mostar #zemljotres #BREAKING pic.twitter.com/grZVvthKTI
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) April 22, 2022
Земјотресот со магнитуда од 5,7 степени според Рихтер вечерва околу 23 часот и 8 минути е регистриран во Босна и Херцеговина.
Според првичните информации од Европско-медитеранскиот сеизмички центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 42 километри од градот Мостар, односно на 16 километри од градот Столац, на длабочина од 5 километри.
Потресот се почувстувал и во другите делови на Босна, Хрватска, Црна Гора и Србија, но и во Македонија и Албанија.