Украинските војници во Мариупол немаат намера да ѝ се предадат на Русија. Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петре Андриушченко, вели дека бранителите продолжуваат со одбраната.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека животите на украинските сили кои сѐ уште се борат таму, ќе бидат поштедени доколку го положат оружјето во 6 часот наутро по московско време.
Русија тврди и дека ги „исчистила“ од отпор сите урбани области во Мариупол. Се додава дека останатите борци во опколениот пристанишен град, за кои Русија вели дека се и украински и странски, се блокирани во фабриката за челик Азовстал.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека елиминирањето на украинските борци во Мариупол ќе стави крај на преговорите.
Украинските власти бараат хуманитарни коридори за евакуација на цивили и ранети војници од опколениот град. Од Утре, Русија планира да го ограничи пристапот до градот.