Во Кина во текот на вчерашниот ден се пријавени 26 155 нови случаи на коронавирус, од кои 3 529 симптоматски, а 22 626 асимптоматски, соопшти денеска Националната здравствена комисија.
Ден претходно имаше 24 791 нови случаи – 3 896 симптоматски и 20 895 асимптоматски инфекции, кои Кина ги брои одделно.
Повеќето случаи се во Шангај, кој моментално е центар на актуелната кинеска епидемија.
Градот со 25 милиони жители во саботата пријави 21 582 асимптоматски случаи, што е повеќе од 19 923 случаи претходниот ден и 3 238 симптоматски случаи.