Како што денеска информира министерот за надворешни работи Бујар Османи, средбата на бугарската делегација со премиерот Ковачевски или со некој друг владин претставник ќе се организира во рамки на новопланираниот далекувод на РЕК „Битола“ што ќе ги поврзува Битола со албанскиот град Елбасан
Претходно, бугарските медиуми јавија оти на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“, Јотова ќе го отвори новиот клуб на ова здружение во Битола

Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во организација на бугарската амбасада во земјава, оваа сабота ќе ја посетат Битола.
Како што денеска информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи, средбата на бугарската делегација со премиерот Ковачевски или со некој друг владин претставник ќе се организира во рамки на новопланираниот далекувод на РЕК „Битола“ што ќе ги поврзува Битола со албанскиот град Елбасан.
„Со премиерот Петков договараме да има и официјална средба, но не можам да кажам дали ќе дојде и премиерот, поради здравствената состојба, или некој од министрите на далекуводот Битола – Елбасан, а потоа тие ќе имаат свои ангажмани во Културниот центар во Битола во организација на Амбасадата на Бугарија“,
изјави Османи одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во МНР.
Претходно бугарските медиуми јавија оти на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“, Јотова ќе го отвори новиот клуб на ова здружение во Битола. В недела, пак, на 17 април, таа ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам.
Проектот е финансиран од бугарската влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој“.