Во Буча беше пронајдена и масовна гробница од која денеска украинските форензичари почнаа ексхумација на телата. Од тамошното обвинителство изјавија дека се ексхумирани 20 тела, од кои 18 биле со прострелни рани и рани од шрапнел. Меѓу жртвите идентификувани две жени, а една од нив работела во супермаркет во центарот на градот
Додека во јавноста сè уште се свежи сликите од украинска Буча сè уште се свежи, светот го потресе нов смртоносен напад во Украина. Станува збор за ракетирање на железничката станица во источниот град Краматорск во источниот дел на Украина. Според последната изјава на гувернерот на Донецката област, Павло Кириленко, во нападот убиени се најмалку 50 лица, меѓу кои и пет деца

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска го посети украинскиот град Буча, во близина на Киев, каде по повлекувањето на руските сили на улиците беа пронајдени тела на десетици убиени цивили, некои од нив егзекутирани од зад грб и врзани раце.
„Овде се случи нешто незамисливо. Го видовме суровото лице на војската на Путин“,
истакна Фон дер Лајен.
Додека од една страна се снимките и доказите за масакртот во Бука, Русија досега ги отфрлаше обвинувањата и ја обвинуваше Украина за фалсификување смртни случаи со цел да се дискредитираат руските сили.
Во Буча беше пронајдена и масовна гробница од која денеска украинските форензичари почнаа ексхумација на телата.
Руслан Кравченко од обвинителството во Буча изјави дека се ексхумирани 20 тела, од кои 18 биле со прострелни рани и рани од шрапнел. Тој потврди дека се идентификувани две жени, а една од нив работела во супермаркет во центарот на градот.
„Постојат сведоци кои можат да потврдат дека овие луѓе биле убиени од руските сили. Без никаква причина, тие само се движеле по улицата или биле евакуирани. Некои од нив само зборувале на украински јазик“,
рече обвинителот.
Покрај Фон дер Лајен е во посета на Буча беше и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој преку социјалните мрежи најави дека кон крајот на мај ќе се одржи вонреден самит на земјите-членки на ЕУ што ќе биде посветен на одбраната, енергијата и на Украина.
„Како што разговаравме во Версај и за време на последниот Европски совет, специјален состанок на Европскиот совет ќе се одржи на 30 и 31 мај. Одбраната, енергијата и Украина се на дневен ред“,
напиша Мишел на Твитер.
Последниот вонреден самит на ЕУ за Украина се одржа на 24 февруари, денот кога Русија упадна на украинска територија и започна воена агресија.
Во меѓувреме, додека сликите од украинска Буча сè уште се свежи, светот го потресе нов смртоносен напад во Украина. Станува збор за ракетирање на железничката станица во источниот град Краматорск во источниот дел на Украина.
Според последната изјава на гувернерот на Донецката област, Павло Кириленко, во нападот убиени се најмалку 50 лица, меѓу кои и пет деца.
„Педесет загинати, од кои пет деца. Ова е бројката на загинати досега откако руските окупаторски сили ја нападнаа железничката станица Краматорск“,
напиша Кириленко на Телеграм.
Бројката на жртви неколку пати растеше во текот на денот, а според изјавите од украинска страна, се стравува дека таа може да биде и поголема.
Градоначалникот на градот претходно истакна дека во моментот на гранатирањето на железничката станица присутни биле околу 4 000 луѓе, од кои повеќето жени, деца и повозрасни лица.
Русија, пак, ја обвини Украина дека го извршила нападот и најави истрага.