Според Венедиктова, сите новинари биле убиени од руската армија

Од почетокот на руската инвазија, во Украина досега се убиени дванаесет новинари, објави украинската државна обвинителка на својата Фејсбук страница. Меѓу нив има американски, ирски и руски новинари.
„Да се каже вистината за агресијата на Путин е смртоносно – досега се убиени 12 новинари“,
објави Ирина Венедиктова.
Таа тврди дека се ранети уште десетина.
Според Венедиктова, сите новинари биле убиени од руската армија, но оваа информација не може да се потврди независно, посочуваат западните медиуми.
Меѓу последните жртви беше руска новинарка Оксана Баулина известувала од Киев и од градот Лавов за истражувачката веб-страница Инсајдер. Во Украина животот го загуби и американскиот новинар, 51-годишниот Брент Рен, кој се наоѓал таму работејќи на проект за бегалската криза за магазинот „Тајм“. Меѓу жртвите беа и снимателот на „Фокс њуз“, Пјер Закржевски и украинската новинарка Олександра Кувшинова за кои беше објавено дека загинале како резултат на руското гранатирање во североисточниот дел од селото Горенка.
Според обвинителката, досега биле нападнати и најмалку 56 претставници на медиумите, меѓу кои 15 странци.
Нападнатите странски новинари биле од Британија, Чешка, Данска, Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и САД, напиша Бенедикт.