Во заедничкото писмо до кое дојде Би-би-си, лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси велат дека „со нетрпение очекуваат“ да му посакаат добредојде на претседателот и да му ја пренесат „поддршката до народот на Украина додека тие храбро ја бранат демократијата“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски в среда наутро директно ќе им се обрати на американските политичари преку видео врска, соопштија властите во Вашингтон.
Во заедничкото писмо до кое дојде Би-би-си, лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси велат дека „со нетрпение очекуваат“ да му посакаат добредојде на претседателот и да му ја пренесат „поддршката до народот на Украина додека тие храбро ја бранат демократијата“.
„Конгресот останува непоколеблив во нашата посветеност да ја поддржиме Украина додека се соочуваат со суровата и ѓаволска агресија на Путин“,
додаваат тие.
Во писмото понатаму се вели дека ќе разговараат за воведување дополнителен закон за изолирање на Русија, како и за испорака на хуманитарна и безбедносна помош за Украина.
Минатата недела, Зеленски доби овации кога по видообраќањето до пратениците во Долниот дом на Бриттанскиот Парламент.
Претходно Зеленски се обрати и на посебната седница на ЕП на 1 март, на која се расправаше за конфликтот во Украина, која запона со овации, а пратениците застанаа на нозе и носеа маици со украинското знаме.
Тој во вторник ќе се обрати и пред канадските парламентарци.