На социјалните мрежи се шири и видео за кое се тврди дека го покажува киднапирањето на градоначалникот. Истото видео го сподели и Би-би-си од каде велат дека не можат да потврдат дека на снимката е Федеров, но дека според нивната проверка се чини дека таа е од камерите за видеонадзор во близина на фонтаната на Плоштадот на победата во Мелитопол
Советник во украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Херашченко, обвини дека Русија го киднапирала градоначалникот на градот Мелитопол, Иван Федеров. Тој бил извлечен од зградата каде се наоѓа Кризниот штаб со кеса на главата.
За случајот се огласи и украинското МНР кое ја обвини Русија за воено злосторство.
„Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војна“,
рекоа од МНР на Украина.
На социјалните мрежи се шири и видео за кое се тврди дека го покажува киднапирањето на градоначалникот, а кое беше споделено и од опозицискиот медиум „Некста“ во Белорусија. Истото видео го сподели и Би-би-си од каде велат дека не можат да потврдат дека на снимката е Федеров, но дека според нивната проверка се чини дека таа е од камерите за видеонадзор во близина на фонтаната на Плоштадот на победата во Мелитопол.
Руската страна, пак, досега не ги коментираше обвинувањата од Украина.
The mayor of #Melitopol Ivan Fedorov was kidnapped, said Anton Gerashchenko
— NEXTA (@nexta_tv) March 11, 2022
According to him, Fyodorov refused to cooperate with the Russian military occupying the city. He was detained at the city crisis center, where he was in charge of the city’s life support. pic.twitter.com/mCzfCzDWzQ