Платформата Јутјуб, која е во сопственост на компанијата Гугл, го блокира пристапот до каналите со линкови до руски државни медиуми повикувајќи се на политика за насилни настани.
„Нашите упатства за заедницата забрануваат содржина што негира, минимизира или тривијализира добро документирани насилни настани и ја отстрануваме содржината за руската инвазија во Украина што ја прекршува оваа политика“,
информира платформата.
Јутјуб пред две недели ѝ забранија на руската државна медиумска куќа РТ и други руски канали да заработуваат пари од реклами, а сличен потег презеде и Фејсбук. Потоа следуваше и барање од ЕУ до оваа компанија да спречи да се шири воена пропаганда.