Гугл и Јутјуб во саботата ѝ забранија на руската државна медиумска куќа РТ и други руски канали да заработуваат пари од реклами, а сличен потег презеде и Фејсбук
Јутјуб и „Алфабет инч“ која го поседува Гугл би требало да им забранат на корисниците да шират воена пропаганда како дел од мерките за борба против дезинформациите по руската инвазија на Украина, им порача еврокомесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон на извршните директори на двете компании.
Во разговор со извршните директор, еврокомесарот рекол дека двете компании треба да одат чекор понатаму.
„Слободата на изразување не подразбира и воена пропаганда. Предолго содржините од ’Русија денес‘ и други руски државни медиуми беа со засилени алгоритми и се појавуваа како ’препорачани содржини‘ на луѓе кои никогаш не ги ни барале. Воената пропаганда никогаш не треба да биде препорача содржина или уште повеќе, воопшто таа не треба да најде место на интернет платформите. Сметам дека технолошката индустрија ќе преземе итни мерки за сузбивање на дезинформациите“,
рекол Бретон.
Гугл и Јутјуб во саботата ѝ забранија на руската државна медиумска куќа РТ и други руски канали да заработуваат пари од реклами, а сличен потег презеде и Фејсбук.
Европската федерација на новинари (ЕФН) предупредува дека забраната за емитување на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ на европско почва може да биде контрапродуктивно, откако вчера Европската Унија најави дека на руските медиуми поддржани од власта ќе им биде забрането емитување во Европа.