Технолошкиот гигант „Епл“, исто така, рече дека РТ и Спутник повеќе нема да бидат достапни за преземање надвор од Русија
Украинскиот сервис на Би-би-си известува дека потрошувачите во Русија кои се обидуваат да купат Ајфон, часовник или Мекбук на вебстраницата на компанијата ги дочекува порака во која се вели дека испораката на стоката е невозможна
Гугл го отстрани рускиот државен медиум РТ од својата алатка за пребарување вести.
„Во оваа исклучителна криза преземаме вонредни мерки за да го запреме ширењето на дезинформации и да ги попречиме кампањите за дезинформација на интернет“,
изјави Кент Вокер, претседател за глобални прашања на Гугл.
Компанијата веќе ги ограничи медиумите финансирани од руската влада да се рекламираат и да користат некои функции на Јутјуб, платформата за споделување видео во сопственост на Гугл.
Заменик-главниот уредник на РТ, Ана Белкина, рече дека овој потег е доказ дека западните компании се „преплашени од само присуство на кој било надворешен глас поради стравот да не ја загубат својата историски заробена публика, доколку таа публика наиде на поинаква перспектива“.
РТ и Спутник, кои се финансирани од руската влада, американскиот Стејт департмент ги смета за два „критични елементи во рускиот систем за дезинформација и пропаганда“.
Технолошкиот гигант „Епл“, исто така, рече дека РТ и Спутник повеќе нема да бидат достапни за преземање надвор од Русија.
Технолошкиот гигант ја паузираше продажбата на своите производи во Русија, објави компанијата.
Компанијата, исто така, го ограничи својот систем за плаќање, Apple Pay, и други услуги, вклучително и следење на сообраќајот во живо, според јави Ројтерс.
Украинскиот сервис на Би-би-си известува дека потрошувачите во Русија кои се обидуваат да купат „Ајфон“, часовник или „Мекбук“ на вебстраницата на компанијата ги дочекува порака во која се вели дека испораката на стоката е невозможна.
Потегот на „Епл“ доаѓа откако украинскиот вицепремиер Михаило Федоров на почетокот на неделава објави дека испратил писмо до претседателот на компанијата Тим Кук во кое барал „Епл“ да неиспорачува во Русија.
I’ve contacted @tim_cook, Apple's CEO, to block the Apple Store for citizens of the Russian Federation, and to support the package of US government sanctions! If you agree to have the president-killer, then you will have to be satisfied with the only available site Russia 24. pic.twitter.com/b5dm78g2vS
— Mykhailo Fedorov (@FedorovMykhailo) February 25, 2022