Се очекува пратениците на денешната седница експресно да го прифатат барањето на претседателот. Ова писмено барање може да ја најави и намерата на Путин да изврши поширок напад врз Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска од рускиот Парламент побара официјална дозвола за употреба на воена сила надвор од границите на земјата, пишува „Вашингтон пост“.
Писмото на Путин до Горниот дом на парламентот го формализира руското воено распоредување во бунтовничките региони во источна Украина, само еден ден откако рускиот претседател ја призна нивната независност.
Ова писмено барање, исто така, може да ја најави и намерата на Путин да изврши поширок напад врз Украина.
Западните лидери претходно изјавија дека руските сили се преселени на истокот од земјата, а САД тоа го нарекоа инвазија.
Се очекува пратениците на денешната седница експресно да го прифатат барањето на претседателот.
Претходно Путин денеска потпиша договори за пријателство со двата бунтовнички региони, кои предвидуваат распоредување на руска армија во нив. Дел од западните медиумите протолкуваа дека овој потег може да ја отвори вратата за инвазија на Украина.