Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека останува отворен за сите дипломатски контакти околу Украина и оти прекинот на односите на Киев со Москва ќе ја влоши и онака напнатата ситуација откако претходно денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека како опција се разгледува прекинување на односите со Русија
Руските пратеници денеска изгласаа ратификување на договорите на претседателот Владимир Путин склучени со лидерите на двете сепаратистички републики во Источна Украина, еден ден откако шефот на руската држава ја призна нивната независност и нареди таму да бидат испратени војници.
Долниот дом на рускиот парламент, Думата, гласаше за одобрување на договорите на Путин за пријателство со самопрогласените „Донецка Народна Република“ (ДНР) и „Луганска Народна Република“ (ЛНР), а гласањето заврши со бурен аплауз од пратениците.
Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека останува отворен за сите дипломатски контакти околу Украина и оти прекинот на односите на Киев со Москва ќе ја влоши и онака напнатата ситуација откако претходно денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека како опција се разгледува прекинување на односите со Русија.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, додаде дека потегот на Киев да ги прекине официјалните врски со Москва ќе биде исклучително непожелно сценарио кое уште повеќе би ги отежнало работите.
Денеска, меѓу другото, се огласи и руското Министерство за за надворешни работи и преку соопштение ги повика и другите земји да го следат нејзиниот пример при признавањето на сепаратистичките републики во Источна Украина
Во соопштението се додава дека признавањето на двете самопрогласени републики Донецк и Луганск од страна на Москва, што е осудено од Западот, „не било лесно, но е единствениот можен чекор“.
„Одлуката е донесена земајќи ја предвид слободната волја на народот на Донбас, врз основа на одредбите од Повелбата на ОН, Декларацијата за принципите на меѓународното право за пријателски односи меѓу државите од 1970 година, Конечниот акт на ОБСЕ и други основни меѓународни документи“,
пишува во соопштението на руското МНР.