Трет сомнителен случај за коронавирус се испитува во земјава. Станува збор за патничка која вчера попладне со авион од Милано пристигнала во Скопје. Тестирањата дали има коронавирус се вршат на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдуваат од Министерството за здравство.
Резултатите, најавуваат, ќе бидат готови за четири часа.
Претходните два сомнителни случаи во земјава се покажаа негативни. Во еден од нив, исто така, стануваше збор за патник пристигнат во Скопје од Милано, додека вториот случај беше пациент кој претходно шест дена престојувал во Дубаи.
*Поврзани вести:
Објавени телефонски броеви за пријавување сомнителни случаи на коронавирус
Владини заклучоци за коронавирусот: Да се набават маски и сапуни и да се одложат екскурзиите