Во кусото соопштение од средбата што го испрати ВМРО-ДПМНЕ не се наведува поконкретно кои се позициите на кои се задржал на партискиот лидер. Единствено се посочува дека тие се „и претходно јавно познати“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се задржал на истите позиции на денешната средба со новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој престојуваше во прва посета на Скопје.
Во кусото соопштение од средбата што го испрати ВМРО-ДПМНЕ не се наведува поконкретно кои се позициите на кои се задржал на партискиот лидер. Единствено се посочува дека тие се „и претходно јавно познати“.
Според соопштението од опозициската партија, на средбата Мицкоски-Петков се разговарало за актуелните состојби врзани за односите на двете земји.
„Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување“,
рекол Мицкоски, според соопштението од неговата партија.
Она што беше посочено, како што се наведува, е потребата за градење доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други проекти важни за двете земји, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Мицкоски: Бугарија да имплементира барем една пресуда од Стразбур
ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува договор што Заев би го потпишал со Бугарија, најави Мицкоски