Лидерот на опозициската партија оваа порака ја упати до бугарскиот претседател Радев и до бугарската влада
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат испрати порака до бугарскиот претседател и владата дека евентуален договор којшто би се потпишал од Зоран Заев, тие нема да го почитуваат.
„Јас нема да давам претпоставки што би било кога би било, само ќе анализирам што имаме на располагање. Постојат три опции од кои што две се пореални, а едната е по недеална. Но сите три се катастрофални за македонскиот народ и македонската држава бидејќи директно сите овие три опции задираат во идентитетот на Македонците и тоа го видовме од новиот коалициски договор на потенцијалното мнозинство во бугарскиот парламент кој што вели дека основа на договорот е Резолуцијата на Бугарскиот парламент, која што е понижувачка и нема врска со европските вредности“,
вели Мицкоски во вечерашното интервју.
Објаснувајќи ги трите опции, Мицскоски рече дека првата е Зоран Заев да потпише некаков протокол со кој што ќе ја прифати целосно или делови резолуцијата повторно на штета на идентитетот, тој или министерот за надворешни работи, втората е да се потпише некој договор или протокол 5 плус 1, и третата, според него помалку возможна варијанта, е некое политичко мнозинство во Бугарија да практично донесе ново помека резолуција, и на тој начин конечно да покажат дека заслужуваат да бидат Бугарите и Бугарија дел од ЕУ и на тој начин да ни дозволат да го почнеме процесот на преговори, рече Мицкоски.
„Мојата порака и до Радев и до бугарската влада е дека овој едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, нема намера да го почитува. Затоа што ниту учествува ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме“,
рече Мицкоски.