Во врска со членството во Европската Унија, тој истакна дека од ЕУ не треба да се откажеме, но не ни требаат преговори по цена на идентитетот
Не мора да има правило на реципроцитет, но барем да покажат добра волја, да имплементираат една одлука Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Стразбур и да дозволат ОМО „Илинден“ да се регистрираат во Бугарија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 зборувајќи на тема за преговорите со Софија и нивните барања, меѓу кои и Бугарите да се вметнат во уставот на Северна Македонија.
Мицкоски коментираше дека е чудно истовремено да велите дека не го спорите определувањето на македонскиот народ, а од друга страна да не знаете дека постои македонско малцинство во Бугарија кое има 14 пресуди пред ЕСЧП.
„Добро би било еве оваа ’проевропска и прогресивна‘ влада која ја предводи Петков да имплементира барем една од тие пресуди на ЕСЧП и да им дозволи на луѓето од ОМО,Илинден – Пирин‘ барем да се регистрираат како политичка партија и тогаш јас ќе верувам дека навистина тие не го спорат нашиот идентитет, никој не го спори постоењето на македонскиот јазик итн.“,
рече Мицкоски.
Во врска со членството во Европската Унија, тој истакна дека од ЕУ не треба да се откажеме, но не ни требаат преговори по цена на идентитетот.
„Ние не треба да се откажеме од Европската унија, но не треба и да коленичиме, ЕУ по секоја цена не. Ако тоа не чини постоењето и идентитетот, тогаш не споделуваме исти вредности со овој партнер, затоа што јас никогаш нема да го негирам правото на соседот да се определи и да има посебна култура и засебен идентитет и тоа да биде услов за некој да не крене рака. Тоа не е европски туку е далеку од европските вредности“,
истакна Мицкоски.