Засега како опција не се споменува продолжување на распустот, но се чини дека повеќето ученици ќе останат дома и наместо во училниците, наставата ќе започне онлајн
Кризниот штаб на Србија денеска ќе одржи седница на која меѓудругото ќе се разговара и за тоа као ќе започне второто полугодие, имајќи предвид дека последниве денови се регистрирани над 13 000 заразени дневно.
„Епидемиолошката состојба е таква што препорачуваме онлајн часови од медицинска страна“,
изјави за весникот Нова членката на Кризниот штаб Тања Јовановиќ.
Одморот прво завршува за учениците во Војводина, а една недела подоцна, на 24 јануари, учениците во централна Србија треба да се вратат на училиште.
Војводина веќе одлучи за средноколците наставата да продолжи онлајн.
Засега како опција не се споменува продолжување на распустот, но се чини дека повеќето ученици ќе останат дома и наместо во училниците, наставата ќе започне онлајн.