Училишниот тим на состанокот одржан на вчера одлучил наставата во сите средни училишта од понеделник, 10 јануари 2022 година на територијата на АП Војводина да се организира по третиот модел
Во средните училишта во Војводина второто полугодие кое почнува од понеделник ќе се одржува онлајн, соопшти Министерството за образование.
Првиот потпретседател на Владата и министер за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ изјави дека училишниот тим на состанокот одржан на вчера одлучил наставата во сите средни училишта од понеделник, 10 јануари 2022 година на територијата на АП Војводина да се организира по третиот модел, соопшти Министерството за образование.
„Приоритет, како и досега, е да се зачува здравјето и безбедноста на сите во образовниот систем. Тимот за училишта донесе одлука средношколците во АП Војводина од понеделник, 10 јануари, кога започнува второто полугодие за нив, наставата да ја следат на далечина, односно според третиот модел на организација на воспитно-образовната работа“,
истакна Ружиќ.
Тој изјави дека училишниот тим ќе продолжи да ја следи состојбата и дека следната седница на училишниот тим е закажана за 13 јануари.
За средношколците во Војводина второто полугодие започнува на 10 јануари, за основците на 17 јануари, додека, според Календарот за воспитно-образовна работа, за останатите ученици второто полугодие ќе започне на 24 јануари 2022 година. Генерално, во Србија, останува на сила одлуката за настава со физичко присуство.