Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва на прес-конференција постави прашања во врска со денешното рочиште за „Рекет“.
„Денес разбравме од посебни истражни мерки легално прибавени од страна на обвинителството дека Катица Јанева во текот на август, откако случајот беше и формално отворен со приведувањето на другите двајца во тоа време осомничени, а сега веќе еден осуден, остварила минимум една средба со тогаш премиерот Зоран Заев. Второто за кое што не треба да претпоставуваме туку е јасно, видено и покажано е дека Зоран Милески Кичеец имал средба со Вице Заев, братот на Зоран Заев. Значи, Зоран Милески Кичеец имал во текот на јуни и јули месец средба со Вице Заев“, праша Николоски.
Тој во име на партијата побара да биде објавено во судот што зборувале Вице Заев и еден од вмешаните во „Рекет“, и да се дознае што зборувале Зоран Заев и Јанева.
„Доколку во судот не се прикажат посебните истражни мерки во вид на тонски запис од разговорот на Вице Заев во тој момент осомничен во случајот ‘Рекет’, тоа ќе значи дека истражителите на МВР ќе бидат ставени во опасност за прекршување на законот како што наложува членот 18, затоа што или свесно го прекршиле законот или се прикриваат докази“, рече Николоски.
Од обвинителството побара да ги повика овие лица да дадат искази затоа што, како што рече, недозволиво е во оваа фаза кога имаме евидентни докази да истите се затскриваат.
Според Николовски, во случајот „Рекет“ се рекетирани повеќе од еден бизнисмен, и далеку повеќе пари од ова што е сега познато.